Вечер во која видовме 18 голови во Лигата на шампионите е зад нас.
Фудбалерите на Ливерпул го потврдија пласманот во второто коло од најелитното натпреварување откако во Амстердам го совладаа Ајакс со 3:0. Во поголемиот дел од првото полувреме Ајакс имаше иницијативата на теренот, но сепак Салах го доведе Ливерпул во водство
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дарвин Нуњез промаши празен гол во првото полувреме (тука), но се и„извади“ во вториот дел кога постигна гол по корнерот на Робертсон во 49. минута. Три минути подоцна Харви Елиот ги постави конечните 3:0.
Сигурен беше и Наполи кој со идентичен резултат го победи Ренџерс на стадионот Диего Армандо Марадона. Џовани Симеоне со головите во 11. и 16. минута навести лесен триумф на италијанскиот тим, а конечниот резултат го постави Лео Остигард во 80. минута, па Наполи и Ливерпул во дуел ќе го решаваат победникот од групата. Елмас беше стартер и на теренот се најде до 73. минута.
Atlético de Madrid defined in one video: pic.twitter.com/btKTQRVkwP
— Le Prince (@AtletiPrince) October 26, 2022
Неизвесна завршница ќе имаме во групата Д
Тотенхем и Спортинг од Лисабон ремизираа 1:1, Маркус Едвардс ги доведе гостите во водство во 22. минута, а Родриго Бетанкур во 80. минута успеа да го совлада Адан по одличната офанзива на „пејачите“.
Англискиот тим тргна на се или ништо и за малку ќе дојде до тоа што го сакаше, Хари Кејн погоди во 95. минута по центаршутот на Перишиќ, но голот беше поништен поради минималниот офсајд. По целата драма, црвен картон доби Конте кој се нафрли на судијата Мекели.
Марсеј беше поразен од Ајнтрахт со 2:1 во Франкфурт, а сите голови ги видовме во првото полувреме. Домашните поведоа во третата минута со голот на Даичи Камада, а Матео Гуендузи го израмни резултатот во 22. минута.