Дома Фудбал Англија Драма во Лондон: Сити во 93. минута го сруши Арсенал🎥

Драма во Лондон: Сити во 93. минута го сруши Арсенал🎥

Годината во Премиер лигата започна со драма во големото дерби помеѓу Арсенал и Манчестер Сити, каде на крајот славеа гостите (1:2).

Сака го доведе Арсенал во водство, погоди во 31 минута и Арсенал во првото полувреме беше далеку подбар противник, па „граѓаните“ беа среќни што на одмор заминаа само со еден гол негатива.

На стартот на вториот дел после интервенција на ВАР судијата покажа на белата точка, а Ријад Марез беше прецизен и израмни на 1:1.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 60-та минута, кога Мартинели промаши празен гол, а во следниот напад Арсенал остана со играч помалку после исклучувањето на Габриел.

Во 93-та минита Родри го комплетираше пресвртот и погоди за конечни 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сите го очекуваа тоа: Компани откри што се случува со Мусиала

По загрижувачките сцени кои во последните денови го обиколија фудбалскиот свет, конечно од…