Дома Фудбал Останато Драматична и мрачна ноќ за „римската волчица“ (видео)

Драматична и мрачна ноќ за „римската волчица“ (видео)

Римската волчица после големата борба на крајот го испушти возот за четвртфиналето во Лига Европа, иако славеше со 2:1. Фудбалерите на италијанскиот тим имаа доволно време да постигнат барем уште еден погодок и со тоа да се пласираат во наредната фаза, но имаа и среќа бидејќи фудбалерите на Лион можеа да ги казнат од опасните контранапади.

Водечкиот погодок на младиот Дијакби во 16-та минута брзо го поништи Кевин Стротман на другата страна, а Рома во првото полувреме долго го бараше вистинскиот ритам на теренот. Дури во продолжението домаќините тргнаа со посериозни и поконкретни напади кон голот од противникот, а во еден момент, после прекинот и гужвата, топката се одби од несреќниот Тусар и ја врати надежта на Рома.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Волчицата напаѓаше стихијно, создаваше шанси пред мрежата од Ентони Лопс, но Џеко не успеваше да се впиши во стрелците. Лион се закануваше само од опасните контри, но и голманот Алисон блескаше на другата страна.

Последниот обид домаќините го имаа во финишот, но не вроди со плод, па францускиот тим го „чекираше“ билетот за четвртфиналната фаза од Лига Европа, додека Рома скапо го плати невниманието и голот од Лакацете во надополнувањето од регуларното време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…