Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа девет натпревари.
Сакраменто Кингс со тројката на Немања Бјелица со звукот на сирената го совладаа Хјустон со 119:118. Со овој триумф Сакраменто ја прекина низата од 10 порази во Хјустон која започна уште на 31. декември 2013 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако Рокетски поведоа со 7:3 на почетокот, Кингси брзо превземаа иницијативаа и направија пресврт на 18:10. Ја чуваше Сакраменто таа предност до крајот на првата четвртина. Во втората Хјустон констатно беше во предност, додека гостите со тројки одржуваа приклучок, на полувреме заостануваа пет поени (64:59).
Голема борба гледавме и во продолжение, екипите се менуваа во водство за во последните 12 минути Сакраменто да води со 94:93. Се играше кош за кош во последната четвртина. Неизвесно беше и во последната минута (113:113). Со тројката на Меклемор Хјустон поведе со 116:113, но на осум секунди до крајот Хилд изедначи.
Во последните секунди Вестбрук се понадева и дека донел победа на Рокетси (118:116), но Бјелица со звукот на сирената погоди тројка за големо славје на Кингси.
Бледи Хилд забележа 26 поени, 4 скока и 6 асистенции, херојот Бјелица натпреварот го заврши со 16 поени, 5 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки. Кај Хјустон Вестбрук оствари учинок од 34 поени, 3 скока и 8 асистенции, Харден запиша 27 поени, 4 скока и 10 асистенции.
Треба да се истакне и одличната вечер на Пол Џорџ во победата на ЛА Клиперси на гости кај Индијана од 110:99. Џорџ ги предводеше Клиперси со 36 поени, 9 скокови и 5 асистенции.
НБА резултати:
Индијана – Клиперси 99:110
Бостон – Кливленд 110:88
Чикаго – Торонто 92:93
Хјустон – Сакраменто 118:119
Милвоки – Орландо 110:101
Њу Орлеанс – Детроит 103:105
Феникс – Минесота 125:109
Јута – Оклахома 90:104
Голден Стејт – Мемфис 102:110