Дома Фудбал Останато До вчера му беше тренер на Меси, а сега тврди: Роналдо е најдобар

До вчера му беше тренер на Меси, а сега тврди: Роналдо е најдобар

Кристоф Галтие, кој во минатата сезона го тренираше Лионел Меси во Пари Сен Жермен изјави дека Роналдо е се уште најдобриот фудбалер на светот.

На последниот дуел од азиската Лига на шампиони, Роналдо даде два гола и запиша асистенција против Ал Духаил, пклуб кој сега го тренира Кристоф Галтие.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Кога Роналдо игра против вас, не можете многу да направите. Даде два убави гола. Немам зборови со кои може да го опишам овој играч. Прави нешто неверојатно за 38-годишен фудбалер. Тој сè уште е најдобар играч на светот“, рече Галтие.

Францускиот тренер со оваа изјава го „пецна“ Лео Меси, со кого не беше во најдобри односи во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Па…