Дома Останати Тенис „Дојдов, изгубив и си одам со 12.000 евра за седење во хотел“

„Дојдов, изгубив и си одам со 12.000 евра за седење во хотел“

Беноа Пер повторно се најде во центарот на вниманието со неговата изјава по поразот во првото коло на Монте Карло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот беше поразен од Џордан Томпсон со 2:1 во сетови, а после мечот порача дека воопшто не му е важно што бил елиминиран толку рано.

„Не ми е гајле за овој меч. Ќе одиграм уште во двојки и си одам дома. Навистина е тажно да се видат празни трибини во Монте Карло на еден од најдобрите светски турнири. Но, сепак јас си заработив 12.000 евра. Можеби некој ќе каже зборувам за пари, но дојдов да седам во хотел и да си одам дома со 12.000 евра. Одлично“, изјави Пер.

Ќе потсетиме, Пер претходно запраша зошто да се мачи да освои АТП турнир и да добие 30.000 евра кога тој за пораз во првото коло добива 10.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Го победи Ѓоковиќ откако губеше со 0-2 на Ролан Гарос, а сега даде срамен коментар за него

Бразилскиот тенисер Жоао Фонсека се пласираше во третото коло на АТП Мастерсот во Монтреал…