Лестер денес на свој терен од 16 часот ќе го пречека Норвич и против овој тим ќе се обиде да ја продолжи низата на победи на девет натпревари.
„Лисиците“ оваа сезона играат фантастично и само поради констатниот и сигурен Ливерпул не им се дава преголема шанса за титулата. На последните 13 натпревари победија на 12 и имаат импресивна гол разлика од 42:6. Варди е прв на листата на стрелци со 16 постигнати голови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред играчите на Брендан Роџерс денес не би требало да има тешка задача бидејќи Норвич се наоѓа на долниот дел на таеблата, а организаторите се одлучија на интересен начин да придонесат за уште подобра атмосфера.
Бидејќи е време на празници, секој кој денес ќе дојде на „Кинг Пауер“ ќе добие божиќна капа и парче традиционална англиска пита, нешто слично на бурек.
#lcfc supporters attending #LeiNor on Saturday will receive a free mince pie and Santa hat! ??
— Leicester City (@LCFC) December 12, 2019