Дома Македонски спорт Дојде ли време за разделба – Червар заминува од Металург?!

Дојде ли време за разделба – Червар заминува од Металург?!

Медиумите во Хрватска попладнево на големо започнаа да пишуваа за разделба помеѓу Лино Червар и Металург.

Червар во овие моменти се наоѓа во Загреб каде што пристигна после неочекуваниот пораз на Металург во Лигата на шампионите од тимот на Бешикташ, кој можеби беше и последен за хрватскиот стручњак на клупата на тимот од Автокоманда.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што споменавме медиумите во оваа земја пишуваат дека Червар ќе се раздели со Металург со цел да се посвети смо на репрезентацијата.

Голема „прашина“ се крена после прашањето кое го доби Червар, а тоа гласеше, дали има намера да се враќа во Скопје.

„Немојте да ме прашувате сега за Металург. Можете да ме прашувате за било што, но Металург оставете го на мир. Во Загреб ќе останам се додека од мене тоа го бараат обврските“, изјави Червар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…