Дома Фудбал Англија Дојде крај на една трофејна ера: Сити и Агуеро се разделуваат

Дојде крај на една трофејна ера: Сити и Агуеро се разделуваат

Манчестер Сити и Агуеро ќе се разделат на лето.

Аргентинецот нема да го продолжи договорот и со тоа ќе дојде крај на една од најтрофејните ери во светот на фудбалот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Агуеро со Сити четири пати беше првак на Англија, пет пати го освои Лига купот, еднаш ФА купот и три пати Комјунити Шилд. Оваа ризница веројатно ќе биде уште побогата на крајот од сезоната, бидејќи Сити моментално е во трка за четири трофеи, а новата лигашка титула е се поблиску.

На Етихад пристигна во 2011. година од Атлетико Мадрид и во Манчестер поминува една деценија.

Од Сити потврдија дека Агуеро заминува, но клубот нема да заборави на него. Имено, Агуеро пред стадионот ќе добие своја статуа како знак на благодарност за се што направил во дресот на Сити.

Во сезоната 2014/15, беше најдобар стрелец во Премиер лигата.

Не е познато каде Аргентинецот ќе ја продолжи кариерата. Се споменува МЛС лигата, Шпанија, а во опција е враќање и во Аргентина.

Агуеро во дресот на Манчестер Сити до сега одигра 271 натпревар и постигна 181 погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Борусија Дортмунд ослабена во реваншот против Атлетико Мадрид

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але ќе го пропушти реваншот од четвртфиналето …