Дома Кошарка Дојде време за разделба: Пол Гасол го напушта Сан Антонио – познат и новиот клуб

Дојде време за разделба: Пол Гасол го напушта Сан Антонио – познат и новиот клуб

Според информациите од САД, Пол Гасол ја заврши својата епизода во Сан Антонио Спарс.

Искусниот шпански кошаркар оваа сезона не играше премногу, а човекот кој е добро запознаен со случувањата во НБА Адриан Војнаровски тврди дека се договорил за раскинување на договорот и наскоро ќе стане слободен играч.

Дека дошло времето за разделба потврди и самиот Гасол на друштвените мрежи кој истакна дека му е чест што играл за еден од најдобрите тимови во НБА лигата, а негова следна дестинација во кариератаќ е биде Милвоки.

„Благодарни сме на Гасол за доприносот кој го даде на теренот, во соблекувалната и заедницата“, порача тренерот на Сан Антонио, Грег Поповиќ.

Гасол ќе биде големо засилување за Бакси кои се „тенки“ на позицијата центар и го имаат само Брук Лопез. Освен тоа Гасол со себе носи и огромно искуство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Симиќ веднаш се наметна во Тексас Арлингтон: 16 поени и скок до дабл-дабл

Теодор Симиќ ја почна колеџ-кариерата со 16 поени и девет скока во победата од 89-56 над Н…