Дома Фудбал Германија Дортмунд призна: Баерн е десетици години пред нас

Дортмунд призна: Баерн е десетици години пред нас

Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке, призна дека че биде исклучително тешко да се симне Баерн Минхен од врвот.

Баварците се во серија од осум последователни титули во Бундеслигата, но вечерва Борусија има можност да го освои германскиот Суперкуп.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Баерн Минхен во моментов е најдобриот тим на планетата и не им е потребен инвеститор. Клубот постигна толку многу финансиска моќ што му е многу полесно да ги задржи своите најдобри играчи. Сепак, Баерн ја извојува оваа позиција во текот на 40-50 години. И во овој момент тие се напред десетици години. Додека Баерн троши 100 милиони евра повеќе од нас на плати за своите играчи, битката за титулата ќе биде многу тешка за нас“, изјави Вацке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…