Првиот човек на Борусија Дортмунд истакна дека однесувањето на Дембеле и Обамејанг било катастрофално кога во прашање е карактерот и етиката.
Првиот човек на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке, имал настап во соблекувалната каде што одржал лекција на темата – немојте да бидете како Пјер Емерик Обамејанг. Во спротивно…
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во спротивно ќе седат на трибините.
Очигледно дека целите слувања околу Габонецот го нарушиле авторитетот на Борусија, како и сликата на клубот во јавноста.
„Во четвртокот имав јасен состанок со играчите и јасно им порачав. Следниот кој ќе направи вакво нешто ќе помине многу лошо. Ќе има голем проблем. Следниот играч кој ќе се обиде да направи притисок така што ќе игра лошо или ќе бојкотира нема да се провлече така лесно…Ќе седи на трибините“, изјави Вацке.
Потоа тој зборуваше и за менталитетот на сегашниот тим на Борусија.
„Тимот кој освојуваше титули во 2011 и 2012 година дефинтивно не беше добар како овој кога во прашање е фудбалот. Но, го имаше најдобриот можен менталитет. Тоа е следната работа на која ќе треба да работиме“, заврши Вацке
Иначе, „милионерите“ од трансферот на Обамејанг инкасираа 65 милиони евра.