Иако Пјер-Емерик Обамејанг уште вчера допатува во Лондон, се уште не потпиша договор со Арсенал, а за тоа постои добра причина.
Неговиот актуелниот клуб Борусија Дортмунд постигна договор со Арсенал за надомест кој ќе изнесува 60 милиони фунти, но едноставно не смее да го дозволи неговиот потпис со „топчиите“ пред да најде алтернатива.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Со оглед на тоа што денеска е поселдниот ден од трансфер периодот, Борусија не сака да се доведе во ситуација да остане без Обамејанг, а да не доведе некој друг напаѓач, па поради тој трансфер Габонецот во Арсенал се уште е на чекање.
Наводно, Борусија во текот на денот би требало да го ангажира Мичу Батшуаи, кој би требало да претставува замена за најдобриот стрелец на екипата. Иако се уште ништо не е официјализирано, би било големо чудо овие трансфери да не се завршат до крајот на денот.