Дома Трансфер зона „Дон Балон“ тврди: Дербито на Манчестер за фудбалерот на Барселона!?

„Дон Балон“ тврди: Дербито на Манчестер за фудбалерот на Барселона!?

Градските ривали Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед во летото кое е пред нас би можеле да водат голема борба на трансфер пазарот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот „Дон Балон“ пренесува дека Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо се заинтересирани во своите редови да го видат фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ.

Според овој медиум Ракитиќ веќе добил понуди од Сити и Јунајтед, но и имал разговори со Мурињо и Гвардиола.

Како причина поради која Хрватот би можел да го напушти „Ноу Камп“ се наведуваат се подобрите настапи на Серхио Роберто и доаѓањето на Фелипе Кутињо.

Ракитиќ оваа сезона одигра 35 натпревари во кои постигна три погодоци и запиша четири асистенции. Неговиот договор со Барселона истекува во 2021 година.

rakitic

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…