Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ, Јанис и Дурант ја обележија вечерта во НБА 🎥

Дончиќ, Јанис и Дурант ја обележија вечерта во НБА 🎥

Далас Маверикс изминатата вечер славеше со 128:110 против Лејкерси кои беа без Леброн Џејмс.

Лука Дончиќ одигра нов одличен натпревар, имаше трипл-дабл од 34 поени ,12 скокови и 12 асистенции со што ги водеше Мавси до нов триумф. Лејкерси на осум натпревари пред крајот се наоѓаат на 11. позиција во Западната конференција и надвор од позициите кои водат во разигрувањето, додека Мавси се блиску до обезбедување на нов пласман во доигрувањето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милвоки Бакс славеше во Филаделфија со 118:116, а прво име беше Јанис Антетокуимпо со 40 поени и 14 скокови, додека на другата страна се истакнаа Џејмс Харден (32 поени и девет асистенции) и Џоел Ембид (29 поени и 14 скокови).

Кевин Дурант броеше до 41 во победата на Бруклин над Детроит од 130:123. Кај гостите Цунингам уфрли 34 поени.

Дерозан со 32 и Вучевиќ со 27 поени беа најдобри во победата кај Чикаго во Вашингтон (107:94), додека Клиперси во Лос Анџелес со 121:115 беа подобри од Јута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Револуција во фудбалот: ВАР ќе се користи како во тенисот!

На Конгресот на ФИФА беа откриени новите случувања за иднината на фудбалот. Најголемата пр…