Словенечкиот кошаркар и суперѕвезда на Далас Маверикс Лука Дончиќ имаше историска ноќ во победата на неговиот тим над Њујорк Никс (126:121).




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Неверојатниот Дончиќ постигна 60 поени, имаше уште 21 скок и 10 асистенции. Таков учинок со 60 плус поени, 20 плус кокови и 10 плус асистенции немал ниту еден кошаркар во НБА претходно.




Благодарение на него, Маверикс успеаа да направат пресврт и да го добијат мечот.




„Сведоци сме на големината на Лука Дончиќ. Никогаш во животот не сум видел такво нешто“, изјави сопственикот на Маверикс, Марк Кубан.




Сепак скромниот Дончиќ по еден таков натпревар побара само една работа – пиво!




„,Многу сум уморен… Сега ќе ми треба пиво за опоравување“, изјави Лука на новинарот на паркетот по дуелот.



