Ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ не се прослави на Евробаскетот каде што неговата репрезентација испадна во четвртфиналето.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Дончиќ одигра неколку врвни натпревари, но сепак во дуелот против Полска разочара како и неговите колеги.




Словенечкиот кошаркар ја почнува претсезоната со Далас, а вели дека е одморен затоа што по Евробаскетот морал да спие по 13-14 часа.




„Сега сум во ред, по првенството спиев по 13-14 часа дневно. Успеав да се одморам. Целта ми е иста, а тоа е да се освои првенството. Се чувствувам добро во моментов“, вели Дончиќ.




Фантастичниот кошаркар минатата сезона во просек постигнуваше над 28 поени, девет скокови и осум асистенции во НБА-лигата.