Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ за првпат заврши НБА натпревар без поени

Дончиќ за првпат заврши НБА натпревар без поени

Лука Дончиќ се повреди уште во четвртата минута во натпреварот помеѓу Далас и Феникс и првпат во кариерата заврши НБА натпревар без поени.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред повредата Дончиќ стигна само да промаши два шута и да запише еден скок. Мавси на крајот и без Словенецот славеа победа со 99:95.

Словенецот настрада нагазувајќи го стапалот на противничкиот играч и веднаш замина во соблекувалната.

Првите прегледи покажале дека не се работи за некоја посериозна повреда, па така нема да биде долго време надвор од терените, сепак овој меч не можеше да го заврши.

Улогата на Дончиќ одлично ја презема Спенсер Динвиди постигнувајќи 36 поени, девет асистенции и шест скока. На спротивната страна Крис Пол и Кам Џонсон имаа по 22 поени. За издвојување е и учинокот на Деандре Ејтон кој имаше 19 поени и 20 скокови.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Бостон – Њујорк 117:120 (продолжение)

Бруклин – Детроит 122:130

Шарлот – Чикаго 111:96

Хјустон – Кливленд 95:113

Феникс – Далас 95:99

ЛА Клиперс – Сан Антонио 138:100

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…