Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ го разби Сан Антонио, се потврди и заминувањето на ѕвездата на Спарси

Дончиќ го разби Сан Антонио, се потврди и заминувањето на ѕвездата на Спарси

После Ол-Стар паузата продолжи сезоната во НБА лигата.

Во тексашкото дерби Далас славеше против Сан Антонио со 115:104.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најзаслужен и за оваа победа на Далас беше Лука Дончиќ. Дончиќ натпреварот го заврши со 22 поени, 12 скокови и 12 асистенции со што стигна до неговиот 33. трипл-дабл во сезоната.

Словенецот одново покажа неколку одлични потези како кога целосно го исфрли од игра Дејонте Мареј и погоди тројка.

Прв стрелец на Мавси беше Кристапс Порзингис со 28 поени и 14 поени. Спарси беа предводени од Дерозан со 30 поени. Треба да се спомене дека за Сан Антонио не играше Лемаркус Олдриџ. Тренерот Грег Попович објави дека клубот и играчот се договориле за спогодбен раскин на договорот.

Во вториот натпревар Мемфис славеше против Вашингтон со 127:112. Јонас Валанчиунас за Гризлите постигна 29 поени и запиша 20 скокови, а за Визардси најефикасни беа Бредли Бил (21) и Расел Вестбрук (20 поени и 10 асистенции).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…