Балканските ѕвезди беа во центарот на вниманието изминатата ноќ во НБА лигата.
Српскиот ас Никола Јокиќ го предводеше Денвер до победа против Вашингтон од 118:104. Јокиќ постигна 31 поен, а додаде уште 12 скока и седум асистенции.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лука Дончиќ од друга страна го привлече вниманието со еден скандалозен гест поради кој би можел да заработи голема казна. Далас во драматичен натпревар беше поразен од Голден Стејт со 127:125. Натпреварот Словенецот го заврши со дабл-дабл од 30 поени, 17 асистенции и седум скока, но во драматичната завршница ги загуби нервите.
При водство на Вориорс од 125:122, Дончиќ имаше обид да поентира со контакт од Дрејмонд Грин за да извлече прекршок и дополнително фрлање со што Далас би добил можност да изедначи. Но, тој промаши зицер, а и остана без прекршок.
Тоа го налути и пред записничката маса гестикулираше како брои пари со што јасно алудираше на плаќање на судиите. Ваквите потези се строго забранети, па нема да биде изненадување, ако Дончиќ заработи и посериозна казна.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Вашингтон – Денвер 104:118
Далас – Голден Стејт 125:127
Мајами – Њујорк 127:120
Торонто – Индијана 114:118
Чикаго – Филаделфија 91:116
Мемфис – Хјустон 130:125
Милвоки – Сан Антонио 130:94
Минесота – Атланта 125:124
Јута – Портланд 115:127
ЛА Лејкерс – Феникс 122:111