Дома Фудбал Италија Донесена одлука: Серија Б продолжува со нормално функционирање

Донесена одлука: Серија Б продолжува со нормално функционирање

Фудбалскиот сојуз на Италија донесе официјална одлука оваа сезона Серија Б да продолжи со 19 клубови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Проблемите во италијанската втора лига настанаа кога Бари, Авелино и Чезена банкротираа на самиот старт од сезоната, па лигата од 22 клуба беше намалена на 19.

Во меѓувреме дури пет клубови од Серија Ц (Катанија, Новара, Тернана, Про Верчели и Сиена) се јавија дека се спремни да ја пополнат таа празнина, но ФС Италија после повеќедневно разгледувања ја одби таа можност.

Серија Б поради ваквите случувања краток беше и суспендирана, но после оваа одлука ќе продолжи со нормално функционирање, а што ќе биде со трите клубови кои се отпишани останува да се види.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пресврт: Рашфорд може да игра повторно за Манчестер Јунајтед

Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд е на пат да ја промени својата одлука и да ја об…