Џанлуиџи Донарума многу брзо ќе стане нов голман на францускиот ПСЖ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Донарума во овој момент е на Европското првенство со репрезентацијата на Италија која запиша две убедливи победи на стартот од првенството против Турција и Швајцарија, а изгледа овие денови ќе биде завршен неговиот трансфер во ПСЖ.
Според информациите Донарума постигнал договор со ПСЖ до јуни 2026 година, а во Фиренца во понеделник ќе ги направи лекарските прегледи со медицинскиот тим на ПСЖ.
22 годишниот голман одби да го продолжи договорот со Милан. Прво преку својот агент Мино Раиола го уценуваше клубот, но после одбивањето на два понуди Милан немаше намера повеќе да преговара.
Можеше и во Јувентус, но таму работите се променија кога Алегри се врати во клбуот, наводно тој сакал да го задржи Шчесни.