Дома Фудбал Донарума се скара со новинар, па го потсетија на сите „киксови“ 🎥

Донарума се скара со новинар, па го потсетија на сите „киксови“ 🎥

Италија вчера доживеа катастрофален пораз во Лигата на Нации против Германија со 5:2 и секако после еден ваков пораз следуваа жестоки реакции од јавноста.

За еден од головите виновник беше голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума. Донарума од новинарите доби прашање на таа тема, а еден од нив го потсети дека тоа не му е таква прва грешка. Тоа го налути голманот.

„Кога се случило порано? Кога бев фаулиран против Реал? Ако сакаш да се расправаме за ова добро. Тука сум да зборувам за тимот, во ред ако сакаш да ме обвиниш ќе ја преземам вината, јас сум капитен на тимот и нема да ја наведнам главата“.

Меѓутоа по ваквата изјава на Донарума на социјалните мрежи се појави видео со сите негови слични грешки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливаја во нова улога, Хајдук добива пофалби: Најдобар состав во последните години?

По убедливите 5:0 против Горица, Ведран Јеше го пофали составот на Хајдук, а потегот на Га…