Италијанскиот репрезентативен голман, Џанлуиџи Донарума сака да го напушти ПСЖ во летниот преоден рок, пренесуваат француските медиуми.
Донарума важеше за најголем талент во Европа и пред две години од Милан како слободен агент се пресели во ПСЖ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првата сезона ја грееше клупата за резерви, а минатата сезона беше прв голман на „светците“, но одигра просечна сезона и направи многу киксови.
Италијанецот не е среќен во Париз и смета дека не напредува во ПСЖ, па сака да направи трансфер ова лето.
Интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед, Челзи и Јувентус, но доколку сака трансфер во некој од овие клубови Донарума мора да прифати помала плата.