Дома Фудбал Италија Донарума нема да има мир на „Сан Сиро“: Росонерите ги имаа своите жестоки пет минути (ФОТО)

Донарума нема да има мир на „Сан Сиро“: Росонерите ги имаа своите жестоки пет минути (ФОТО)

Фудбалерите на Милан моментално на домашен терен го играат дуелот против екипата на Верона во рамки на осминафиналето во Купот на Италија.

„Натпреварот“ на Сан Сиро го одбележаа домашните фанови, кои упатија жестоки навреди кон Џанлуиџи Донарума.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Младиот италијански голман повторно се најде на мета на навивачите откако беше објавено дека Мино Раиола ќе ги тужи „Росонерите“ поради измама во договорот на Донарума.

Овој голман летово одлучи да остане во Милан уште четири сезони, но клубот во последен момент ја отфрли откупната клаузула поради што збесна Раиола. Доколку го добие овој случај, договорот на Донарума ќе биде завршен, по што ќе биде слободен играч.

Поради тоа, Донарума се најде на мета на навивачите на Милан кои жестоко го навредуваа од трибините пред почетокот на вечерашниот меч. Исто така подготвија и транспарент за младиот италијански голман.

„Не навредуваш со своето однесување. Шест милиони годишно и пристигнување на твојот брат паразит во клубот. Сега оди, веќе немаме трпение“, му порачаа навивачите на Милан.

Во соблекувалната инаку, по ваквиот настан со кој се соочи Донарума, Леонардо Бонучи му пружи поддршка, со оглед на тоа дека тој видно беше разочаран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …