Италијанскиот прволигаш Болоња после три години го отпушти 54 годишниот стратег Роберто Донадони поради лошите резултати во завршницата од првенството.
Донадони ја превзема Болоња во сезоната 2015/2016 и во првата сезона со овој тим заврши на 14-та позиција, додека во двете претходни овој клуб завршуваше на 15-та позиција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како играч Донадони со Милан се шест пати беше шампион на Италија, а на три пати ја освојуваше Европа. Како тренер беше селектор на Италија, а ги предводеше уште Наполи, Каљари и Парма.
Кога во прашње е неговиот наследник Италија очекува тоа да биде уште еден поранешен напаѓач на Милан – легендарниот Пипо Инзаги!
Nota del Club ➡️https://t.co/1nFgZZEoed pic.twitter.com/keukO8nNmQ
— Bologna Fc 1909 (@BfcOfficialPage) May 24, 2018