Српската НБА ѕвезда, Никола Јокиќ оствари уште едно големо достигнување во НБА лигата. Имено, Јокиќ стана првиот кошаркар кој во пет сезони стигнал над 8.000 поени, 4.000 скока и 3.000 асистенции.
До крајот на регуларниот дел сезонава во НБА има уште девет натпревари, па така Јокиќ ќе има можност да го подобри својот рекорд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој податок само покажува дека Јокиќ е играчот кој е најконстантен во НБА лигата бидејќи во период од пет сезони освои две МВП признанија и една шампионска титула. Сезонава исто така е кандидат и за титулата со Денвер и за најдобар играч.
An unprecedented five-year run for the Joker! 🃏🤯 pic.twitter.com/XurroxE8yH
— NBA (@NBA) March 28, 2024