Дома Фудбал Останато Доктор тврди: Азар се наоѓа во „магичен“ круг и не може да излезе од него

Доктор тврди: Азар се наоѓа во „магичен“ круг и не може да излезе од него

Новата повреда на Еден Азар ги загрижи сите во Реал Мадрид, но и во белгиската репрезентација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вчера стана јасно дека ѕвездата на Реал Мадрид ќе отсуствува од терените 4 до 6 недели поради нова мускулна повреда.

Докторот на белгиската репрезентација, Кристоф Сас тврди дека Азар тешко може да излезе од ситуацијата во која е западнат.

„Кога еден фудбалер е во форма, многу помали се шансите да се повредува. Азар се наоѓа во еден магичен круг и не е лесно да излезе од него. Загрижувачки е тоа што се случува со неговата мускулатура“, изјави Сас.

„Би сакале тој да може да игра редовно во Реал и да биде во форма за ЕП. Во моментов нема простор за драма, но е многу важно Азар да излезе од оваа слепа улица. Случаите со хронични повреди никогаш не завршуваат добро“, изјави докторот на белгиската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал започна преговори за Гимараеш, но доби прво “не”

Арсенал воспостави официјален контакт со Њукасл за можен трансфер на Бруно Гимараеш. Како …