Дома Фудбал Останато Докторот на ФИФА има јасна порака: Мај е прерано, не трчајте пo пари зошто короната ќе ве казни!

Докторот на ФИФА има јасна порака: Мај е прерано, не трчајте пo пари зошто короната ќе ве казни!

Главниот доктор на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Белгиецот Мишел Д’Ог испрати предупредување во мај да не се почнува со играњето фудбал, според него и тогаш ќе биде прерано.

Д’Oг им порача на раководствата на првенствата да не трчаат по пари и најпрво да го заштитат здравјето. Оваа порака тој ја испрати откако претходно во повеќе првенства се зборуваше за почеток на првенствата кон крајот на април или почетокот на мај.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Јас сум сигурен дека почеток, па и средина на мај е прерано за фудбал. Ако се врати на фудбалот кон средината на мај значи дека на тренинзите играчите треба да се вратат барем две недели претходно. Не знам што ќе се случува, но за мене тоа е огромна лудост. Премногу е ризично да се направи такво нешто кога гледате каква е ситуацијата низ светот. Мора да ни биде јасно дека коронавирусот нема да исчезне во мај. Дури иако вирусот се намали не можеме да знаеме кога вирусот ќе го достигне пикот“.

За него не е опција ниту играњето пред празни трибини.

„Слушам дека можело да се игра пред празни трибини. Луѓе, ова не е зафрканција, нечии животи се ставаат во опасност. За оние што сакаат да најдат некој баланс помеѓу финансиите и короната имам само едно прашање: Што ви е поважно, парите или здравјето? Пред да се трча по пари и да зборувате кога може да се игра фудбал почекајте да слушнете што имаат да кажат медицинските специјалисти. Ако ризикувате и трчате по пари короната може жестоко да ве казни“, посочи главниот доктор во Светската фудбалска организација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…