Франко Браконаро, лекарот во Италијанската фудбалска федерација објави дека Кристијан Ериксен додека има дефибрилатор кој му помага во работата на срцето не може да игра во Серија А.
„Со ситуацијата каква што е во овој момент Ериксен не може да игра во Италија. Единствениот начин е да му биде отстранет дефибрилаторот, но потоа ќе следуваат и прегледи за да се утврди дали е целосно здрав“, објави Браконаро.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ќе потсетиме, Ериксен имаше срцев удар на првиот натпревар за Данска на Европското првенство. Треба да се спомене дека играње со дефибрилатор во други земји не е забранети, Дејли Блинд од Ајакс подолги години игра фудбал на таков начин.