Денес стартува последното коло од Мундијалот во Русија после кое ќе биде познат и костурот за нокаут фазата.
Знаете веќе како се функционира на Мундијалот, двете најдобри селекции од секоја група обезбедуваат место во 1/8 финалето, доколку имаат ист број на бодови прво се гледа гол-разликата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Две кола се завршени остана уште едно, а што би се случило доколку ситуацијата на табелата остане иста.
Во продолжение погледнете како би изгледале 1/8 финалните парови доколку групната фаза завршуваше во овој момент.
Горен дел од костурот.
1. Русија – Португалија
2. Франција – Нигерија
3. Бразил – Германија
4. Англија – Сенегал
Долен дел од костурот
5. Шпанија – Уругвај
6. Хрватска – Данска
7. Мексико – Швајцарија
8. Јапонија – Белгија
Значи, потенцијални парови во ¼ финалето би биле Португалија – Франција, Бразил – Англија, Шпанија – Хрватска, Мексико – Белгија.