Дома Фудбал Останато Доказите се сериозни: Алвес може да помине и повеќе од една деценија во затвор

Доказите се сериозни: Алвес може да помине и повеќе од една деценија во затвор

Дани Алвес се уште е во притвор, а адвокатите побарале максимална казна од 12 години.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бразилецот е оибвиент за сексуален напад на девојка на 30 декември во Барселона. Истражниот суд во август поднесе обвинение и тогаш беше потенцирано дека има доволни докази за судењето кое се очекува следната година.

Додека е во притвор екс-дефанзивецот на Барселона ги негираше обвинувањата. Исто така обвинителите побарале од Алвес да исплати казна од 150.000 евра на жртвата и да му се забрани било каков контакт со неа.

Барањата се тој да остане под надзор и една деценија по излегувањето од затвор. Алвес бараше да биде ослободен со кауција меѓутоа таквите барања беа одбиени бидејќи постои ризик од бегство.

Во кариерата 40-годишниот Алвес има 42 титули и ќе остане запаметен како еден од најдобрите во историјата на својата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри сака да донесе фудбалер од средниот ред на Милан во Наполи

Иако Масимилијано Алегри сè уште официјално не го презел тренерското место во Наполи, веќе…