Дома Фудбал Англија „Додека победувате сте Англичанец, промашувате пенал и станувате само црнец“

„Додека победувате сте Англичанец, промашувате пенал и станувате само црнец“

Фудбалската репрезентација на Англија минатото лето играше во финалето на Европското првенство, но по пенали беше поразена од Италија на Вембли. Италија славеше со 3:2 во пенал рулетот а Англичаните промашија во третата, четвртата и петтата серија. Трагичари беа Рашфорд, Санчо и Сака.

Дел од таа репрезентација беше и младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, кој веќе ја запозна суровоста на расизмот. Тој во интервју за „Си-Ен-Ен“ вели дека речиси по секој натпревар добива расистички навреди, а се осврна и на споменатите финалиња на ЕП.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака беа цел на расистички навреди на социјалните мрежи од страна на некои навивачи откако промашија пенали во финалето.

„Го покажавме вистинскиот карактер и се чувствував како земјата да е обединета. Знам дека во прашање се исклучоци и дека цела нација не се врти против нив. Знам дека ова се избрани идиоти, се разбира, а не целата нација се врти против нив.

Сигурен сум дека веројатно имаа повеќе поддршка отколку навреди, но им беше потребна таквата поддршка после промашените пенали, а не расизмот кој беше присутен. Додека победувате до финалето сте Англичанец, потоа го промашувате пеналот и станувате само црнец“, коментира Белингем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната…