Дома Фудбал Англија Додека играчите на Сити и Барнли клечеа се појави авион со изненадувачка порака (ФОТО)

Додека играчите на Сити и Барнли клечеа се појави авион со изненадувачка порака (ФОТО)

Како што е познато пред сите натпревари во Премиер лигата со клечење на фудбалерите околу центарот се искажува поддршка на борбата против расизмот.

Така беше и на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Барнли, но во тие моменти над „Етихад“ пролета авион со спротивна порака „White Lives Matter Burnley“ (Белите животи значат, Барнли).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Островските медиуми пишуваат дека тоа го направил еден навивач на гостите кој успеал да украде авион со кој и самиот управувал.

Барнли брзо после натпреварот го осуди овој потег.

„Сакаме на сите да ставиме до знаење дека одговорните за тој потег не се добредојдени на нашиот стадион. Тоа на ниту еден начин не го претставува она за што Барнли се залага. Клубот е во потрага на сторителите кои ќе добијат доживотна забрана за влез на стадионот“, стои помеѓу другото во соопштението од Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…