Шпанските медиуми утринава објавија дека Ернесто Валверде сигурно ќе добие отказ и дека можно е Барселона тоа да го соопшти денеска на својата официјална страница.
Иако Ернесто Валверде доби поддршка од управата на клубот по поразот од Ливерпул изгледа дека нема да му прогледаат низ прсти, а притоа Каталонците го загубија и финалето во Купот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Освојувањето на Примера очигледно не беше доволно за Валверде да остане на „Камп Ноу“, па искусниот стратег ќе мора да бара нов ангажман.
„Марка“ денес пренесува дека Валверде веќе нашол нов клуб. Имено, весникот тврди дека тој е главен кандидат за празното столче во Севиља.
Клубот од Андалузија остана без тренер, па веќе испратил понуда до Валверде и сега се чека расплетот на ситуацијата во Барселона.
Доколку Каталонците и официјално му врачат отказ, Валверде е спремен веднаш да ја прифати понудата на Севиља.