Дома Топ вести Договор на повидок: Бејл се сели во Серија А

Договор на повидок: Бејл се сели во Серија А

Герет Бејл не е повеќе во плановите на Зидан и најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид, а можно е кариерата да ја продолжи во Серија А.

Медиумите во Италија пренесуваат дека Милан покажува сериозен интерес за Велшанецот и започнал преговори со неговиот агент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двата клуба може да најдат заеднички јазик бидејќи „кралевите“ сакаат да се ослободат од високата плата на Бејл и се спремни да го пуштат на позајмица, притоа да ја плаќаат половина од неговара плата.

„Марка“ тврди дека Бејл е спремен да се пресели на „Сан Сиро“ и е на добар пат да постигне договор со Милан. Во тој случај „росонерите“ ќе му плаќаат 7,5 милиони евра, а останатите 7,5 милиони ќе му ги плаќа Реал.

Притоа, со новиот закон во Италија, Велшанецот ќе плаќа многу помал данок и на другите приходи кои ги има од спонзорските договори и имиџ правата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …