Дома Фудбал Италија Договорот постигнат: Серија А со нови термини, Лацио најмногу профитираше, „дамата“ најголем „губитник“!

Договорот постигнат: Серија А со нови термини, Лацио најмногу профитираше, „дамата“ најголем „губитник“!

seriia a

Серија А во нови термини од следната сезона.

Прашината која ја погоди Италија околу новиот договор за ТВ правата во Серија се уште не се спушта. За милијарда и 50 милиони евра. Правата за наредните три сезони ги купи каталонскиот гигант „Медијапро“ што предизвика силни реакции на Апенините. Посебно од „Скај“ и „Медијасет“ кои во претходните години беа доминантни кога во прашање се ТВ правата за италијанскиот фудбал.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Останува само уште органите за заштита на конкуренцијата во наредните 40 дена да го одобрат договрот помеѓу „Медијапро“ и Серија А, но се верува дека тоа е само формалност.

Новиот договор ќе ја промени распределбата помеѓу клубовите. Според актуелниот правилник кој ќе важи за следните три години, парите од ТВ правата ќе се делат во две групи. Во првата се шесте најголеми клубови кои добиваат различни износи. Нив им припаѓа 49.36% од 924.000.000 евра колку што Серија А вкупно ќе им подели на клубовите.

Шпанците најавија дека од следната сезона ќе има пет стандардни термини за викендот. Од следната сезона секој викенд ќе се игра во сабота од 15:00 часот, недела од 18:00 и понеделник од 20:30 часот. Покрај стандардните термини во 18:00 И 20:45, односно недела во 12:30, 15:00 и 20:45 часот. Целта е Серија А да биде што повеќе присутна во медиумите.

Според новиот договор Јувентус ќе биде најмногу оштетен, а најдобро помина Лацио. Јувентус ќе добива 16 милиони евра помалку од претходниот договор, додека Лацио 17.5 милиони евра повеќе од претходно.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…