Во медиумите се појави вест дека Арсенал би можел да доведе фудбалер од Серија А и тоа за сума од 30 милиони евра.
Според дел од медиумите на Островот и Италија, Арсенал постигнал договор со управата на Сампдорија за трансфер на талентираниот Лукас Тореира.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој млад фудбалер во својот договор има откупна клазула од 25 милиони евра, но таа сума би морала да биде платена веднаш, а не на рати. Поради тоа во Арсенал се обидоа да издејствуваа пролонигарење на плаќањето со што целата сума би била поголема.
Арсенал е подготвен да плати 30 милиони евра, Сампдорија наводно се согласила на таа сума и Емери наскоро би требало да го добие второто засилување после Стефан Лихштајнер.
Овој 22 годишен фудбалер претходно се поврузваше со Наполи во претходниот период, но клубот од Италија немаше средства за да го доведе, па Арсенал изгледа ќе ја искористи ситуацијата.