Дома Фудбал Италија Договорен трансферот на Артуро Видал

Договорен трансферот на Артуро Видал

Чилеанскиот репрезентативец Артуро Видал е нов член на Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер и Барселона постигнаа договор за трансфер на Видал, за кој Интер плаќа 500.000 евра за бонуси со бонуси.

Видал беше отпишан од страна на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман и на година дена пред крајот на договорот постигнат е договор за негово заминување, со тоа што дел од платата која Барса му ја должи ќе ја плаќа и Интер.

Тој денеска треба да пристигне во Милано каде ќе ги помине лекарските прегледи со Интер, а во клубот ќе соработува со Антонио Конте, со кој работеше во Јувентус.

33-годишниот Видал е во Барселона од 2018. година, а претходно освен за Јувентус играше и за Коло-Коло, Баер Леверкузен и минхенски Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Одењето на Араухо го натера Флик на итен потег, дури и управата на клубот е изненадена

Одењето на Роналд Араухо во Ливерпул ги наруши плановите на Барселона пред започнувањето н…