Дома Фудбал Лига на шампиони Добро погледнете! Челзи го обвинува Алонсо дека го наместил ждребот од ЛШ (видео)

Добро погледнете! Челзи го обвинува Алонсо дека го наместил ждребот од ЛШ (видео)

И овој ждреб од Лигата на шампиони не можеше да помине без нагаѓања за местење. Имено, денес во Нион беа одредени осминафиналните парови од ЛШ, а меѓи останатите ќе се сретнат Челзи и Барселона.

Апсолутно сите во синиот дел од Лондон сакаа да ги избегнат Каталонците, со кои имаат негативни искуства, но ждребот сепак им го додели тимот од „Камп Ноу“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите на Челзи за тоа го обвинија Чаби Алонсо, екс играчот на Реал, Ливерпул и Баерн кој ги влечеше топчињата во Нион, а со спојувањето на Челзи и Барса само му помогна на Баерн.

Имено, германскиот клуб во тие моменти можеше да игра или против Бешикташ или против Барселона. Доколку Челзи го добиеше турскиот тим, Баерн Минхен ќе се сретнеше со Барселона.

Снимката на ждребот покажува дека навистина Алонсо внимателно гледа кое топче го носи името Барселона, а кое Бешикташ пред да ги извлечи. За време на ТВ преносот може да се види дека Шпанецот во тој момент врти само едно топче, изгледа како да ги меша, а потоа ја извлекува Барселона. На тој начин на својот Баерн му го доделува Бешикташ како противник во осминафиналето!

Тој момент можете да го видете на 18:20 во видеото подолу.

Реакциите во синиот дел од Лондон беа жестоки и го обвинуваат Шпанецот дека го наместил ждребот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Собирачите на сликички разочарани: Албумот за ЕП 2024 е големо фијаско, Англичаните најбурно реагираат!

Како што е познато подолго време, италијанскиот „Панини“ нема да го произведува популарнио…