Дома Фудбал Англија „Добро е што Белингам не ме послуша да потпише за Манчестер Јунајтед“

„Добро е што Белингам не ме послуша да потпише за Манчестер Јунајтед“

Гери Невил е вистинска легенда на Манчестер Јунајтед, а сега откри дела на неколку фудбалери во минатото им дал совети да се преселат на „Олд Трафорд“, но имало и такви кои не го послушале, помеѓу нив е Џуд Белингам.

Во 2020 година Белингам имаше можност да потпише за Манчестер Јунајтед, но тогаш тој ја одби понудата на „црвените ѓаволи“ и потпиша за Борусија Дортмунд. Со одличните настапи во германскиот гигант, Белингам си обезбеди трансфер во Реал Мадрид каде што продолжува да игра одлично.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од денешна гледна точка, Невил смета дека е добро што Белингам не го послушал кога го советувал да заигра за Јунајтед.

„Разговарав со многу фудбалери пред да се преселат во Манчестер Јунајтед и им кажував дека доаѓаат во магичен клуб, еден од најголемите во светот. Сепак, кога сега ќе погледнам наназад сфаќам дека сум им дал лош совет. Некои играчи веројатно подобро ќе просперираа во други клубови. Често помисмувал на Џуд Белингам на кого можам да му кажам браво што ја избра Борусија пред Манчестер Јунајтед.

Навистина со ваква ситуација во клубот не знам како ќе се развиваше неговата кариера ако дојдеше на „Олд Трафорд“. Можеби ќе беше успешен, но јас не сум баш сигурен“, смета Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…