Дома Фудбал Добро е: Нема нови повреди пред Романија!

Добро е: Нема нови повреди пред Романија!

Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува натпреварот против Романија во рамките од квалификациите за Светското првенство.

Овој натпревар после двата нерешени дуели со Ерменија и Исланд е од исклучителна важност за понатамошниот тек на квалификациите, нешто што го потенцираше и селекторот на денешната прес-конференција.

Романците имаа проблеми со неколку повредени играчи, а она што за среќа кај нас е добро е што како што потврди Милевски немаме нови проблеми со повредите, освен оние што беа и пред собирот.

„Во овој момент сите се здрави и се надевам дека така ќе остане и после официјалниот тренинг и сите ќе може да конкурираат за натпреварот“, изјави Милевски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…