Дома Македонски спорт Мак фудбал Добри сигнали: Самсоненко и Град Скопје покажале желба да го спасат Вардар!

Добри сигнали: Самсоненко и Град Скопје покажале желба да го спасат Вардар!

Навивачката група „Комити“ овие денови разбирливо е посебно активна поради ситуацијата во која се наоѓа Вардар.

Денес тие се огласија со ново соопштение во кое истакнуваат дека забележале желба за решавање на ситуацијата со клубот и од Град Скопје, конечно и од Сергеј Самсоненко.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Соопштението ви го пренесуваме во целост:

“Како дел од нашите активности кои имаат за цел олеснување при пронаоѓањето решение за Фудбалскиот Клуб Вардар, вчера имавме средба со Градоначалникот на Град Скопје.Градот Скопје е основач, мнозински сопственик и патрон на Вардар, па по приложената оставка на сегашното раководство, ќе следи примопредавање на клубот назад кај сопственикот.За до тоа да дојде потребно е актуелниот времен сопственик на ФК Вардар, Сергеј Самсоненко да приложи гаранции во противвредност на долговите кои се направени за време на нивното раководење, како Вардар би бил во чиста состојба, и во таква состојба да биде предаден на нов инвеститор. Веруваме дека до тоа ќе дојде во деновиве кои следат затоа што препознаваме расположение од сите страни.Добивме уверување дека ќе вложат максимални напори клубот да биде поставен на местото кое го заслужува во Македонскиот фудбал и општество, како и тоа дека во догледно време ќе изградиме тим достоен да ја претставува Македонија на Европска сцена.Доколку веќе не стравуваме толку на стратешки план за иднината на нашата љубов, сепак постојат итни чекори кои треба да се направат со цел да се избегне непосакувано сценарио и да загубиме драгоцено време. Итните чекори се однесуваат пред се кон обезбедување на финансиска конструкција за играчкиот кадар, носење евентуални засилувања, подготовки и назначување на времено раководство, како би го дочекале подготвени пролетниот дел од сезоната.Добивме впечаток дека постои волја работите да тргнат во вистинска насока, и дека Вардар нема да ги доживува моментите од пред 10-тина години.Остануваме посветени до крај и ќе ги вложиме нашите ресурси и влијание до доаѓањето на решението, кое сега изгледа на дофат. Се надеваме дека наскоро ќе бидеме покрај Вардар во тешките битки и предизвици кои ни претстојат, ним на теренот, но и конечно нам на трибините.Вардар ќе живее !!!“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Неверојатно промашување на Лаутаро🎥

Интер има водство на полувремето против градскиот ривал Милан од 1:0 со голот на Ачерби, н…