Динамо Загреб објави дека не се работи за тешка повреда на бутниот мускул и задната ложа кај Адеми.
Адеми вчера беше заменет во 42. минута во натпреварот од квалификациите за Лугата на шампиони против Омонија. Низ хрватските медиуми се појави вест дека Адеми можно е да се здобил и со посериозна повреда поради која ќе го чека пауза од три месеци, но сепак за среќа тоа не е случај.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Поради големиот интерес и после некои информации кои се појавија како нагаѓања од некои медиуми сакаме да информираме за ситуацијата околу капитенот. Адеми заработи мало оштетување на мускулот на десната нога и процесот на рехабилитација започна, клупската лекарска служба веќе работи и во зависност од тој процес ќе се дефинира времето на негово враќање. Денеска тој се чувствува многу подобро“, објавија од Динамо.
За ваквите повреди вообичаена е пауза од една до три недели и Адеми веројатно би бил на располагање на Динамо за натпреварот од третото квалификациско коло, реваншот со Омонија секако ќе го пропушти.