Ако со Арјан Адеми добивме лоши вести (веројатно поради повреда нема да игра со Грузија) не е така со Кире Ристевски.
Дефанзивецот добил негативен тест на Ковид-19. Ристевски имаше проблеми во неговиот клуб каде што имаше повеќе позитивни, сепак тој го „прелжал“вирусот и сега ќе биде спремен да и помогне на Македонија во историскиот натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ристевски сега ќе се приклучи на последниот тренинг денес пред заминувањето за Тблиси. Натпреварот со Грузија го играме во четврток во 18:00 часот.
Фото: ФФМ