Дома Фудбал Добри вести за Интер пред дербито

Добри вести за Интер пред дербито

Интер викендов му гостува на Јувентус во големото италијаско дерби, а тренерот на „нероаѕурите“ Симоне Инзаги денес доби одлични вести.

Имено, еден од најважните играчи на Интер, Марсело Брозовиќ е целосно опоравен од повредата и ќе биде на располагање за големото дерби.

Брозовиќ е надвор од терените од од 25-ти септември, кога се повреди против Австрија во Лигата на нации.

Поради повреда Хрвотот пропушти девет натпревари за Интер, но сега е целосно опоравен и е спремен да се врати на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…