Дома Фудбал Добри вести за Зидан, Куртоа е здрав

Добри вести за Зидан, Куртоа е здрав

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа нема повреда и тренира нормално со останатите фудбалери, пренесуваат шпанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Куртоа ја напушти базата на белгиската репрезентација во четвртокот и се врати во Мадрид со сомнение за повреда.

Лекарските прегледи покажаа дека нема сериозна повреда и Куртоа од денес веќе почна со редовни тренинзи.

Куртоа најверојатно ќе биде во стартниот тим во сабота против Кадис, иако резервниот голман Лунин излезе од карантин.

Карвахал, Еден Азар, Маријано Дијаз, Милитао и Одриазола се повредени и на нив Зидан сигурно нема да може да смета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо по 13 години се враќа во Реал Мадрид

Големи промени се најавуваат во Реал Мадрид во пресрет на летниот преоден рок, а една од п…