Дома Трансфер зона Добрата форма ги отвара „старите врати“ – Един Џеко би можел да се врати во Германија?!

Добрата форма ги отвара „старите врати“ – Един Џеко би можел да се врати во Германија?!

dzeko

Eдин Џеко фантастично ја отвори сезоната во италијанската Серија А, токму поради тоа неговиот поранешен клуб би можел да се обиде да го врати во своите редови.

Босанскиот „дијамант“ практично продолжи онаму каде што застана минатата сезона во која постигна 29 погодоци, а на стартот од новата веќе постигна пет погодоци на четири натпревари и според ситуацијата тој треба да е среќен и да ужива во Рим.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Но, од Германија стигнуваат сосема спротивни информации, „Спорт Билд“ утрово лансираше вест дека Един Џеко го контактирал спортскиот директор на Волфсбург, Олаф Ребе и се распрашувал какви се шансите клубот да го врати на „Фолксваген арената“.

Овие информации директорот Ребе, не ги потврди, но и не ги демантираше, дури со својата изјава и ги „подгреа“ шпекулациите.

„Ако Един е достапен на пазарот ние сериозно ќе размислиме да го доведеме“, истакна Ребе.

Иначе Џеко е вистински идол помеѓу навивачите на Волфсбург, клуб со кој во 2009 година стигна до сензационалната титула во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…