Манчестер Јунајтед после долги преговори успеа да го договори португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш, кој најверојатно утре ќе дебитира за „црвените ѓаволи“.
На Солскјер му беше потребен креативен играч за врска, со оглед на фактот дека Погба ја пропушти скоро целата сезона поради повреда.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Притоа, англиските медиуми тврдат дека доаѓањето на Фернандеш ќе значи дека Јунајтед се подготвува за живот без Французинот, па на лето готово сигурно ќе го продаде Погба.
Фернандеш се смета за совршена замена за Пол Погба, кој долго време бара заминување на Манчестер Јунајтед. Тој е на радарот на Реал Мадрид и Јувентус од минатото лето, па се очекува да заврши во еден од овие клубови.
Јунајтед минатото лето за слободата на Погба бараше 150 милиони евра, но после лошата сезона, цената на Французинот драстично падна.