Дома Фудбал Останато Дневното мени на Роналдо – јаде шест пати во денот

Дневното мени на Роналдо – јаде шест пати во денот

И пред завчерашната прес-конференција и неговиот потег со Кока-Кола сокчињата, беше познат факт дека Кристиано Роналдо не сака газирани пијалоци (особено не споменатиот). На неговото мени се најдуваат само квалитетни намирници, а фудбалскиот ас јаде шест помали оброци во денот.

Роналдо во текот на еден ден има еден доручек, два ручеци, една ужина и две вечери. За доручек бира шунка и посно сирење, додека руча пилешко месо, салати, риба и маслинки.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Ужината, во зависност од денот, најчесто е овожје или тост со авокадо. За вечера повторно има месо и зеленчук, па риба со зеленчук.

„Фокусиран сум на јадење едноставни намирници, како свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки и протеини“, вели Португалецот.

На менито од Роналдо се забранети газираните пијалоци, смрзнатата храна и преработените производи, а не консумира ниту алкохол, ниту слатки работи.

Кога ќе одлучи да се почести со нешто нездраво, тоа секогаш е пица, но никогаш повеќе од еднаш неделно. После тоа, секогаш прави 500 стомачни, поради што може да се пофали со само 7% телесни масти.

Роналдо, исто така, многу внимание посветува и на тоа колку и кога спие. Неговата опсесија за сонот оди дотаму што за тоа се грижи Ник Литлхејлс, кој открива дека Роналдо преспива по 5-6 пати во денот по 90-тина минути. На тој начин спие помалку, но го забрзува опоравувањето на телото, објасни во една прилика Литлхејлс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…